Неверојатна голгетерска статистика доаѓа од младинските категории на Милан. 13-годишниот Франческо Камарда е гол-машина, а доказ за тоа се неговите нереални бројки.

Во изминатите 87 натпревари во дресот на „росонерите“, младиот фудбалер постигнал дури 483 погодоци. Мора да се напомене дека не сите средби беа класични „11 против 11“.

Италијанското „чудо од дете“ веќе е на радарот на многу скаути и европски гиганти. Меѓутоа Милан се надева дека ќе го задржи уште долго време и во иднина ќе му овозможи да блесне во првиот тим.