Сите што не се вакцинираа и разболеа особено во последниов бран, сите се покајаа за грешката, но доцна, пишува во својата нова објава на Фејсбук доктор Ненад Лазаров.

Сите што не се вакцинираа и се разболеа особено во последниов бран, сите се покајаа за грешката, но доцна. Се манипулира со моментот дека и покрај вакцината можеш да се разболиш, можеш-неспорно е и гледаме. Но, со цело свое достоинство и интегритет ве уверувам дека неспоредливо полесно поминуваат вакцинирани пациенти,тоа го гледаме на дневна база! Вакцинирајте се веднаш, сите непрележани и невакцинирани, се коцкате скапо! Апсурдно е стравот од вакцини да го надвладее стравот од ковид, не дозволувајте лошиот менаџмент на целата криза и катастрофален PR да ве стави во неповолна позиција каде животот ви е директно загрозен, во светот се моли за вакцини на многу места, напиша д-р Лазаров.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.