Аргентинскиот фудбалер Хавиер Пасторе кариерата ја продолжува во Шпанија.

Пред неколку дена Рома го раскина договорот со Хавиер Пасторе, кој пристигна на Олимпико пред три години од ПСЖ како големо засилување.

Пасторе ги пропушти повеќето натпревари поради повреди, а веќе подолго време не е во конкуренција за натпреварите на „Волчицата“, поради што беше донесена одлука за прекин на соработката.

32-годишниот играч за врска се надеваше дека ова ќе се промени со доаѓањето на Жозе Мурињо, но тоа не се случи. Пред две недели, тој јавно одлучи да зборува за се и призна дека воопшто не разговарал со Мурињо.

Денес, тој беше потврден како нов член од шпанскиот прволигаш Елче, кој по три натпревари во Ла Лига оствари две нерешени средби со еден пораз.