Поранешниот фудбалер на Интер, Милан, Реал Мадрид и италијанската репрезентација, Антонио Касано застана во одбрана на Кристијано Роналдо, кој доживеа елиминација во ЛШ со Јувентус. Тој им одговори на сите оние кои го критикуваат Португалецот.

-Кристијано Роналдо и Јувентус се две различни работи. Тој е крал на Лигата на шампионите, а Јуве не успеал 26 години. Тоа не е поради Зидан, Роналдо или Игуаин или некој друг. Јувентус едноставно нема статус на великан во Европа, како што се Баерн, Ливерпул, па дури и Милан, изјави Касано.