Најновата АТП ранг-листа не претрпе многу промени во врвот. На првото место и понатаму е Шпанецот Карлос Алкараз, кој поради повреда не настапува на АТП завршниот Мастерс во Торино. Тенисерот од Мурсија има 6.820 бодови, но сега неговото место на врвот е загрозено и лесно може да се случи годината да не ја заврши како прв. Втор е Рафаел Надал со 5.820 бодови, а трет Стефанос Циципас со 5.350.

Advertisements

Двајцата се борат на Мастерсот во Италија и за првата позиција на крајот од сезоната. Каспер Руд е четврти со 5.020 поени, додека Даниил Медведев е петти со 4.065 поени.

Во ТОП 20 единствено напредуваше Марин Чилиќ за една позиција и сега е седумнаесетти со 2.105 бодови. Нашиот најдобар тенисер, Калин Ивановски направи скок од тринаесет позиции и сега е на 622. место на листата.

Прикажи повеќе