Ова го соопшти лидерот на СОНК Јаким Неделков кој присуствуваше на третиот состанок помеѓу работните групи на синдикатот и МОН со посредникот. Колку брзо ќе се стави крај на спорот ќе зависи и од Министерството за финансии кое, како што кажа Неделков, пресметува дали може да се надмине последната владина понуда од 12% раст на платите.

„Доаѓаме до некакви заеднички ставови. Сепак има тука нијанси на размислување за дополнително зголемување на оние 12% меѓутоа кога и за колку, тоа се детали што се уште ги утврдуваме. За жал, министерот не може да излезе официјално со став бидејќи се уште ги нема точните информации од Министерството за финансии.- Јаким Неделков, претседател на СОНК.