Фудбалерите на Бразил вечерва ќе го одиграат првиот натпревар на Светското првенство во Катар, а противник ќе им биде репрезентацијата на Србија. Капитенот на бразилската фудбалска репрезентација Тијаго Силва уверува дека првата ѕвезда на тимот Нејмар е подготвен да го даде најдоброто издание на светските првенства.
„Мислам дека Нејмар на ова Светско првенство доаѓа во одлична форма. Овојпат се подготви поинаку“, изјави Тијаго Силва.
Кога играше добро во 2014 година, заработи повреда, а на претходниот шампионат дојде повреден, па не играше многу.
„Сега е поинаку, тој е многу подобро подготвен“, изјави Силва пред натпреварот со Србија.