Нејмар со својот гол од пенал во 13. минута во осминафиналето против Јужна Кореја го израмни подвигот на две икони на бразилскиот фудбал – кралот на фудбалот Пеле и феноменот Роналдо.

Advertisements

Ѕвездата на ПСЖ стана само третиот Бразилец кој постигнал гол на три различни светски првенства. Нејмар постигна четири гола на домашно тло на Светското првенство во Бразил 2014 година и додаде уште два гола на Мундијалот во Русија во 2018 година.

Голот против Корејците беше прв за Нејмар на Светското првенство во Катар, кој поради повреда ги пропушти претходните два натпревари на „селесао“.

Прикажи повеќе