Внуката на кралицата Елизабета Втора изгледа не сака повеќе да живее во поранешниот дом на војводата и војвотката од Сасекс…
Бремената принцеза Евгенија со својот сопруг Џек Бруксбанк ја напуштија поранешната британска резиденција на принцот Хари и Меган Маркл по само шест недели откако се вселија во неа.
Парот се врати во својот поранешен дом во Кесингтонската палата, пишува „Daily Mirror“. Од палатата одбија да ги коментираат наводите, но претставникот за односи со јавноста од Сасекс потврди дека принцезата и Џек се отселиле.
„Frogmore Cottage“ е резиденција во Виндзор која принцот Хари и Меган Маркл ја добија од кралицата како свадбен подарок, а за реновирање на домот со пет соби тие потрошија околу 2,3 милиони фунти од даночните обврзници.
Војводата и војвотката од Сасекс својот долг кон даночните обврзници го исплатија на почетокот на септември, а ги обновија сите електрични инсталации, започнувајќи од греењето до преуредување на бањата и собата за јога.
И покрај фактот што тие се одрекоа од кралските должности и започнаа самостоен живот најпрвин во Канада, па сега во Америка, оваа резиденција сè уште се води како нивен имот.
„Принцезата Евгенија и нејзиниот сопруг склопија приватен договор со војводите од Сасекс и на почетокот на ноември официјално се вселија во платата „Frogmore Cottage“. Имотот изгледаше како идеално место за семејство кое чека принова“, пишува „The Sun“.
Принцезата и Џек ќе станат родители на крајот на пролетта 2021 година.
„Frogmore“ е прилагоден според вкусот на Меган и Хари, имајќи го на ум нивниот син Арчи, така што е совршено место за пар кој допрва треба да одгледа дете“, изјави изворот за „The Sun“.
Во близина на имотот живеат и родителите на принцезата Евгенија, принцот Ендру и Сара Фергусон, како и кралицата Елизабета и принцот Филип кои во моментот се наоѓаат во дворецот Виндзор.
Преземено од Еспресо.мк