Актуелниот првак Лос Анџелес лејкерс ја запиша првата победа во новата сезона во НБА лигата, совладувајќи го синоќа Далас со 138:115.

Ентони Дејвис со 28 поени беше најефикасен на натпреварот, потпомогнат од Леброн Џејмс, кој уфрли 22 поени, додавајќи и десет асистенции.

Лука Дончиќ со 27 поени повторно беше најефикасен во редовите на Далас, но Словенецот беше немоќен да спречи втор пораз сезонава за неговиот тим.

Резултати:

ЛА лејкерс – Далас 138:115

Денвер – Лос Анџелес клиперс 108:121

Милвоки – Голден стејт 138: 99

Бостон – Бруклин 95:123

Мајами – Њу Орлеанс 111: 98.