Со два меча изминатата ноќ, започна новата сезона во НБА, најсилната кошаркарска лига во светот. Во двата натпревара славеа домаќините. Актуелниот шампион Голден Стејт Вориорс ги совлада Лос Анџелес Лејкерс со 123:109, додека Бостон победи против Филаделфија 126:117.
Натпреварот беше решен во третата четвртина кога Вориорс значително го зголемија темпото и во еден момент отидоа на огромни плус 27 (91:64). После тоа мирно го приведоа натпреварот до крај. Најдобар во победничкиот тим беше Стеф Кари со 33 поени, Вигинс постигна 20, а Клеј Томпсон 18 поени. Во редовите на Лејкерси Леброн Џејмс застана на 33 поени, додека Ентони Дејвис постигна 27 поени.
Поинтересно беше во Бостон, каде неизвесен натпревар одиграа Селтикси и Севентисиксерси. Селтикс се одлепија од противниците во последната четвртина кога Селтикси созадода предност од 10 поени и не му дадоа шанса на противникот да се врати.
Џејлен Браун и Џејсон Тејтум ги предводеа Селтикси со по 35 поени, а двоцифрени беа уште Брогдон, Вилијамс и Смарт. Кај гостите Џејмс Харден исто така постигна 35 поени со осум скока и седум асистенции, а Џоел Ембиид натпреварот го заврши со 26 поени и 15 скока.