Челниците на НБА лигата одлучија да го сменат логото за следната сезона.

Сезона 2021/2022. ќе биде 75-годишнина и управата на најсилната кошаркарска лига во светот одлучи малку да го освежи логото.

Обликот на логото на НБА лигата сега е малку поразличен. На него е испишан бројот 75, а силуетата на Eри Вест сè уште стои на логото.

Легендарниот кошаркар е на логото на лигата од 1969 година, и иако многумина бараа ова да се смени и да се стави друг играч на логото, тоа веројатно нема да се смени уште некое време.

Можеби во иднина, раководството на лигата ќе се предомисли кога станува збор за силуетата на логото, а има и неколку имиња кои претендираат да станат заштитен знак на лигата.

Тоа се Коби Брајант, Мајкл Џордан и Леброн Џејмс и ќе биде интересно да видиме дали некој од нив во блиска иднина ќе заврши на логото на најсилната лига во светот.

Вака изгледа новото лого на НБА лигата.