Неколку француски навивачи не успеале да присуствуваат на мечот Франција – Унгарија. Иако имале купени билети бидејќи наместо во Будимпешта, завршиле во Букурешт.

Интересно е тоа што се работело за неколку колеги вработени во ИТ компанија, луѓе кои се исклучително интелигентни. При пристигнувањето во Букурешт, веднаш почнале да го бараат стадионот, Националната арена на која првите два натпревара од групата ги играше македонската репрезентација. Во тоа им помогнале украински навивачи кои останаа таму до последното коло затоа што Украина во Букурешт го играше и мечот против Австрија.

Потоа шок. Поради неразбирање на јазикот, разбрале дека се 500 километри оддалечени од нивната крајна дестинација.

По се изгледа не се разбрале добро, па по неколкучасовна потрага и објаснувања, Французите сфатиле дека 500 километри оддалечени од бараната дестинација. Нејасно е само како сите се нашле во Романија ако се знае дека три авионски билети им биле за Букурешт, а три за Будимпешта.