Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални е осуден на затворска казна од 2 години и 8 месеци, а својата пресуда ја дочека мирно.

Сепак, не беше целосно ладнокрвен, на кратка снимка објавена на социјалните мрежи се гледа како цело време нежно ја гледа сопругата, а во еден момент успеа со прстите да формира срце. Цело време Навални со љубов ја гледаше Јулија во судницата и на моменти слегнуваше со рамената, како да знаеше која казна го чека.

Судот во Москва го осуди Навални на 2 години и 8 месеци затвор, првичната казна од три и пол години е намалена поради десетте месеци кои Навални ги мина под домашен притвор.

Навални беше уапсен на 17 јануари по враќањето од Германија каде закрепна по труење со нервен гас.