Кога од равенката би ги исклучиле сите надворешни фактори и кога природата потполно би одела по својот тек, а човечкото тело би било втурнато до своите крајни граници, колку најмногу би можела еден човек да поживее? Научници од Сингапур веруваат дека имаат одговор на тоа прашање, пишува „ИФЛ Сајенс“.

Во една нова студија објавена во списанието „Нејчр Комјуникејшнс“, научниците претставиле паметна стратегија за користење на крвната слика, за која тврдат дека може да ја измери максималната возраст што човечкото тело може да ја достигне. Според нивниот показател, кој го викаат „динамички показател на состојбата на организмот“, или ДОСИ, човечкото тело има маскимален век од 150 години.

Крвната слика најсигурен показател

Авторите на студијата комбинирале многубројни податоци за возраста и начините на стареење во еден единствен показател кој им овозможил да генерираат упростен модел на квантитативен максимален животен век. Стареењето вклучува прогресивен пад на функциите и го прави телото почувствително на појава на болести, било да е тоа рак, невролошки или срцеви заболувања. Стареењето се случува кога нашата ДНК се реплицира и пак се реплицира, станувајќи посклона кон грешки, што доведува до заболувања.

Денес, еден од најдобрите показатели на севкупното здравје е крвната слика. Следејќи ги резултатите од ваквото истражување на начините на стареење и прегледувајќи ги податоците за пациентите, научниците откриле дека варијациите во крвната слика би можеле да се искористат за создавање на показател за стареење. Овој показател претставува мерка на физичката отпорност, а ДОСИ бил зголемен кај испитаниците со начин на живот кој ја зголемува смртноста, на пример, кај пушачите. Зголемениот ДОСИ бил во значајна корелација со зачестеноста на вообичаените здравствени состојби и возрасти, што ни кажува дека тој е моќен фактор на стареењето на човекот

Кога го достигнуваме целосниот потенцијал на возраста?

Кога научниците набљудувале здрави луѓе, ДОСИ предвидувал зачестеност на болести поврзани со староста, иако во тоа време овие личности не покажувале воочливи знаци на болеста.

За да го применат овој показател за постигнување на маскималниот животен век, научниците се фоксуирале на иднината на своите испитаници. Како што ДОСИ линеарно се зголемувал со возраста, така тие можеле да ја следат корелацијата и да дојдат до максималниот животен век. Научниците откриле дека прогресивниот губиток на телесните функции укажува на тоа дека луѓето го досегнуваат својот полн потенцијал на возраст меѓу 120 и 150 години, што е во склад со претходните истражувања.

Интересно е што нивните резултати ни предлагаат дека дури и со најнапредните терапии за борба против болестите, кои би ни биле достапни во иднина, луѓето не би можеле да ја преминат оваа граница без прво темелно да се реши самиот проблем на стареењето. На пример, губитокот на еластичноста во телото е далеку поголема движечка сила отколку смртноста од одредена болест. Па така, научниците тврдат дека развивањето на модел на стареењето е императив за терапиите кои го продолжуваат животот, наместо да се цели на терапија за одредена болест.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.