Министрите за надворешни работи на НАТО, се согласија да ја зајакнат одбраната од руските сајбер напади, вклучително и руските обиди за влијание во Западен Балкан. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека НАТО е подготвен да одговори на напади од различен вид, заедно со Европската унија.

– Advertisement –

„Русија ги дестабилизира своите соседи, вклучувајќи ги Украина, Грузија и Молдавија. Се обидува да влијае во регионот на Западен Балкан. Русија продолжува со воени засилувања од Балтикот до Црното Море, од Блискиот Исток и Северна Африка, од Медитеранот до Арктикот. Сојузниците воочија дезинформации и пропаганда од Русија, обиди за влијание врз избори, сајбер напади, употреба на хемиско оружје против противниците дури и на наша територија. Како одговор на Русија, НАТО ја зајакна колективната одбрана. Ја зголемивме нашата хибридна и сајбер одбрана. Ќе останеме будни“, рече Јенс Столтенберг, Генерален секретар на НАТО.

Прикажи повеќе