Наскоро почнува снимањето на четвртата сезона, но, за жал, таа ќе биде и последната сезона во која ќе го гледаме актерското дуо Сандра Оу и Џоди Комер.

Во последната сезона Сандра Оу и Џоди Комер ќе ги играат главните улоги во ова наградувано остварување. Овие дами кои ги толкуваат детективката Ив Поластри и асасинот Виланел им порачаа на гледачите дека „најдоброто го чувале за крај“, па обожавателите со нетрпение ги очекуваат новите епизоди.

Автор на оваа серија е Фиби Волер-Бриџ, а бидејќи снимањето е планирано за на лето, сè уште нема причина за тага.

Напротив, имаме доволно време да го прифатиме ваквиот развој на сценариото и повторно да ги разгледаме претходните три сезони.

Актерката Сандра Оу е возбудена за враќањето на сетот, бидејќи како што вели, смета дека серијата „Killing Eve“ е една од најдобрите работи што ѝ се случила во животот. Таа му се заблагодари на целиот тим на автори и на сите луѓе што ја гледаат серијата од самиот почеток. Сепак, Оу не откри што може да очекуваме во следната, финална сезона.

А Џоди Комер, во изјава за медиумите изрази силни чувства, коментирајќи дека долго време ќе ги памети авантурите за време на снимањето на серијата.

Иако крајот на приказната за овие две хероини е неизбежен, според креаторите на оваа серија, се отвара простор за слични проекти во иднина, што секако ги радува обожавателите ширум светот.