Најголемото меѓународно музичко натпреварување „Евровизија“ ќе добие и американска верзија, а ќе почне да се емитува на следната година на „Ен-Би-Си“.
„American Song Contest“ ќе биде продуциран од тимот што стои зад Eвровизија, „Propagate“ и „Universal Television Alternative Studio“.
Секоја година пејачи од различни европски земји се натпреваруваат едни против други, а на крај само една држава е победник со најдобра песна во Европа.
Евровизија е долгогодишен концепт кој сега ќе има и американска верзија која ќе го продолжи трендот на претставување оригинални музички настапи во живо од секоја од 50-те држави на САД, кои ќе се натпреваруваат да го освојат гласот на земјата за најдобра оригинална песна. Во натпреварот ќе можат да учествуваат соло артисти, дуа, диџеи и бендови од различни стилови и жанрови.
Евровизија е настан организиран од Европската унија и трае веќе 65 години. Овогодинешниот настан ќе се одржи од 18 до 22 мај во Ротердам, Холандија, во две полуфинални вечери и големото финале, а нашиот претставник Гарванлиев ќе настапува во првото полуфинале, 6-ти по ред.