Aмериканската вселенска администрација НАСА објави слики од најголемата планета во Сончевиот Систем – Јупитер, направени со најголемиот вселенски телескоп во светот, „Џејмс Веб“.
„Никогаш не сме го виделе Јупитер ваков. Сѐ ова е прилично неверојатно… Не очекувавме дека ќе биде толку добро“, изјави астрономот Имке де Патер од Универзитетот на Калифорнија, во Беркли, САД.
Вселенскиот телескоп ги направил снимките во јули, на кои што има досега незабележани погледи на северното и јужното светло на Јупитер и вртлогот на поларната маглина. Големата Црвена Дамка на Јупитер, бурата поголема од Земјата, јасно се издвојува меѓу безброј други помали вртлози.