Најмалку 22 лица загинаа, а повеќе десетици се ранети во рускиот ракетен напад на железничка станица во градот Чаплине во централна Украина, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
Нападот се случи 6 месеци по почетокот на руската инвазија и на Денот на независноста на Украина. Претходниот биланс беше 15 мртви и 50 ранети.
„Штотуку добив информација за рускиот ракетен удар на железничката станица во Дњепропетровската област, на вагони на станицата во Чаплино. Четири патнички вагони се во пламен“, рече Зеленски, обраќајќи се до Советот на безбедност на ОН, преку видео-линк.
„Спасувачките екипи се на терен, но бројот на жртвите сепак може да се зголеми. Тоа е нашето секојдневие“, додаде Зеленски. Министерството за одбрана во Киев на Твитер објави фотографии на кои би требало да се види уништениот воз.
.@ZelenskyyUa
22 people were killed, and near 50 more were injured after russian shelling of Chaplyne railway station in the Dnipro region. pic.twitter.com/kK2AP7uIYy— Defense of Ukraine (@DefenceU) August 24, 2022
Извор: DW