Американската полиција синоќа го идентификуваше напаѓачот на британскиот писател Салман Ружди.
Станува збор за 24-годишниот жител на Њу Џерси, Хади Матар, кој по потекло е од Либан. Неговото семејство дошло во САД од јужниот либански град Јарун, соопшти градоначалникот на градот, Али Техфе. Самиот Матар е роден и израснат во САД, додаде градоначалникот.
На прашањето дали Матар и неговите родители биле членови на Хезболах или го поддржувале Хезболах, Техфе рече дека нема никакви информации за политичките ставови на родителите на Матар или самиот Матар, бидејќи тие живеат во странство.
Портпаролот на либанската шиитска милитантна група Хезболах, поддржана од Иран, денеска изјави дека нема дополнителни информации за нападот со нож врз писателот Салман Ружди.
– Не знаеме ништо за оваа работа, па нема да коментираме, изјави официјален претставник на Хезболах.