Од први јануари годинава угостителите плаќаат помал данок за продажба на храна во објектите како и за услуги за достава. За продажба на алкохол ДДВ-то останува 18 отсто.
Со оваа повластена даночна стапка треба да им се помогне на угостителите кои се погодени од корона-кризата.
– Од 1 јануари 2021 година, се пропишува одредба за примена на повластена даночна стапка од 10 отсто за продавањето храна и пијалаци за консумација на лице место и кетеринг услуги, со исклучок на алкохолни пијалаци. За проблемите на угостителите и помошта во иднина ќе разговараме во наредниот период, но за продажба на алкохол не може да се намали даночната стапка“, рече директорката на Управата за јавни приходи – Сања Лукаревска.