Вториот тенисер на АТП ранг листата, Рафаел Надал истакна дека не е опседнат со тоа да ја освои титулата на Австралија Опен кој започнува на 8. февруари.

Надал минатата година дојде до 20. грен слем титула откако славеше на Ролан Гарос, со што се израмни со Рожер Федерер на листата на тенисери со највеќе грен слем титули во историјата. Шпанецот идниот месец ќе има можност доколку победи на Австралија Опен да стане тенисер со највеќе грен слем титули, но тој вели дека не е опседнат со тоа.

– Во својата кариера направив многу повеќе отколку што можев да сонувам. Би било фантастично кога би освоил уште една грен слем титула. Но, знам дека тоа не е клучот за мојата среќа во иднина. Не постои дополнителен притисок поради тоа бидејќи не сум опседнат. Доколку ја освојам титулата ќе биде одлично, но веќе сум задоволен со се што ми се случуваше во кариерата – вели Надал.

Австралија Опен ќе започне на 8. февруари, а бранител на трофејот е Новак Ѓоковиќ кој минатата година во финалето го победи Доминик Тим.