Јапонија денеска достигна милион случаи на заразени со коронавирусот, јавија локалните медиуми. Државата се обиде да го спречи ширењето на Делта сојот, но инфекциите во олимпискиот домаќин Токио и други градови се зголемија.
Новите случаи во Токио се 4.515, откако вчера беа регистрирани рекордни 5.042 инфекции. Во соседната, населена префектура Канагава, заразените случаи изнесуваат над 2.000, што е четирикратно зголемување за помалку од две недели.
Инфекциите во Осака, најголемиот град во западниот дел на земјата, исто така се зголемија на рекордни 1.310 лица, знак дека патогенот брзо се шири надвор од Токио.
Вкупниот број случаи од почетокот на пандемијата минатата година достигна над еден милион. Иако се чини дека заразата брзо се шири од главниот град во други региони, премиерот Јошихиде Суга изрази претпазливост за проширување на вонредната состојба низ целата земја.
– Мораме да ги земеме предвид локалните услови. Секој регион може да преземе свои чекори, изјави Суга.