
Францускиот весник „Ле паризиен“ открива дека во среда навечер на улиците на француската престолнина Париз ќе бидат поставни 2.000 полицајци за време на полуфиналето од СП помеѓу Франција и Мароко во обид да се избегнат инциденти какви што имаше во Брисел по победата на Мароко над Белгија.
Во саботата, за време на четврт-финалните победи на Франција и Мароко беа поставени 1.200 полицајци, а фановите на двете репрезентации славеа на улиците на престолнината, посебно во близината на Шам-Елизе, каде што имаа голем број на марокански имигранти. Сепак, во саботата немаше инциденти на улиците, а полицијата потврди дека привела само 91 навивач./Makfax./