Последните бројки на загинати во поплавите во Западна Европа во изминативе 24 часа достигнаа до 180, откако спасувачите цела ноќ работеа во потрага по прежиевани. Силниот дожд донесе нови поплави во Австрија и југоисточна Германија, но, не толку големи како тие од минатата недела. Германската полиција соопшти дека над 110 лица загинале само во округот Арвајлер во западна Германија, една од најпогодените области. Локалните власти стравуваат од зголемување на бројот на загинати.
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ќе го посети селото Шулд во близина на Арвајлер кое беше уништено од поплавите. Претходно поплавениот регион го посети германскиот претседател и изјави дека е потребна долгорочна поддршка за да им се помогне на преживеаните од поплавите кои ги загубија своите домови.