Министерството за економија ја промовираше платформата Safe Travel Stamp и протоколи за безбедно патување во земјава за странски туристи. Вакви протоколи веќе се практикуваат во поголемиот дел од земјите уште од претходната година. Сите заинтересирани туристички капацитети ќе може да потполнат барање, а по извршената проверка дали ги исполнуваат пропишаните протоколи ќе добијат знак за безбеден туризам по што ќе бидат впишани во електронскиот регистар на веб страницата safetravels.gov.mk. Проектот е спроведен со поддршка на швајцарската амбасада.

Advertisements

„Safe travel не е само стандардот во угостителските објекти тоа е и систем во кој треба да се вклучат и повеќе министерства зошто неколку пати апелираме Mинистерството за надворешни работи, здравство и министерството за внатрешни работи кои со редовно ажурирање на информациите пред сè на англиски јазик ќе ја дадат целата слика за состојбата во Македонија“, рече Ана Таневска Ѓоргиевска- Претседател на Здружението на угостителство и туризам.

„Сега кога земјата ги има сите предуслови, успехот зависи од правилното спроведување од протоколите за безбедност… Спроведувањето на барањата за безбедносен печат на одговорен и транспарентен и отчетен начин е единствен начин Северна Македонија да биде препознаена како дестинација која е Ковид безбедна“, изјави Зутер Техада-Амбасадорка на Швајцарија.

Прикажи повеќе