Експертите велат дека ставот на една личност при одењето или стоењето може да открие многу работи за неговата личност и за тоа колкава самодоверба има.

Психолозите разгледаа три ралични начини на одење кај луѓето и ги изнесоа своите заклучоци, погледнете дали ќе се пронајдете во нив…

Лесно сте подгрбавени

Оние кои никогаш не го исправаат грбот во целост и честопати се малку подгрбавени, имаат и мала самодоверба. Тоа ја открива личноста која е научена на конфликти и тага – велат психолозите.

Фото: Пиксабеј

Елегантениот став е измама

Некои луѓе лесно се нишаат при одењето, а тоа не му обезбедува стабилност на телото. Ова покажува дека овие луѓе често се чувствуваат беспомошни, дека се ранливи луѓе кои постојано размислуваат премногу.

Фото: Пиксабеј

Главата малку навалена напред

Луѓето кои се хиперактивни или немирни често заземаат позиција за одење со навалена глава нанапред. Бидејќи ‘рбетот не е во правилна положба, можно е да имаат и болки во грбот. Таквите луѓе, како што велат психолозите, постојано ги преиспитуваат своите и туѓите постапки.