Најмалку три лица загинаа, а десетина се повредени во торнадото што синоќа ја погоди американската држава Северна Каролина, соопштија денеска спасувачките служби.

Додека голем дел од остатокот на САД беше погоден од силен студент бран, торнадото го погоди јужниот дел на таа земја, особено во крајбрежните делови.

– Досега има три потврдени смртни случаи и десетмина повредени, соопштија службите за спасување на округот Брансвик.

Се додава дека околу педесетина куќи се оштетени, а електричните водови прекинати.

Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат откорнати дрвја, уништени возила и куќи.

Локалниот шериф Џон Инграм изјави дека ќе биде потребен долг процес за работите да се вратат во нормала.

Бројни други сојузни држави во САД се погодени од студен бран кој доаѓа од Арктикот и во кој температурите достигнаа рекордно ниски вредности.