Најмалку 20 луѓе загинаа, а стотици се повредени во земјотресот што изутрината го погоди југозападен Пакистан, изјави Насир Насар, шеф на провинциската управа за управување со катастрофи во Балучистан, додавајќи дека бројот на жртвите може да се зголеми. Најпогодено подрачје е оддалечениот планински град Харнаи во Балучистан. Спасувачи од воената и цивилната агенција се испратени во Харнаи, рече Насар. Но, немањето асфалтирани патишта и врска преку мобилни телефони ги отежнуваат напорите за спасување. Земјотресот предизвика и прекин на електричната енергија во регионот. „Многу од жртвите загинаа кога се урнаа покривите и sидовите на нивните куќи од кал, изјави Сухаил Анвар Хашми, висок претставник на провинциската влада.

Advertisements

Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотресот бил со сила од 5,7 степени и се случил околу 3 часот наутро по локално време на околу 100 километри западно од Квета, главниот град на провинцијата, на длабочина од околу 20 километри. Пакистан се протега на границата каде што се среќаваат индиските и евроазиските тектонски плочи, што ја прави земјата подложна на земјотреси./RSE

Прикажи повеќе