Женско шимпанзо Махале неодамна роди младенче во зоолошката градина во округот Седџвик во Канзас, САД, а реакцијата што ја имаше кога го виде своето дете за прв пат беше навистина трогателна.
Махале морала извесно време да се опорави од компликациите кои настанале при породувањето со царски рез, а по 48 часа добила шанса за прв пат да го види своето бебе.
Луѓето од Зоолошката градина сето тоа го следеле со камери, а мајката шимпанзо имала многу емотивна прва средба со своето младенче, на кое му дале име Кучеза.
Го внеле бебето во куќата и го завиткале во ќебе, а мајката прво не го забележала, но кога ја видела неговата рака веднаш го раширила ќебето и го зела во раце.
„Махале е најневеројатната мајка, не го пушташе своето бебе откако првпат го зеде во раце“, пишува на Инстаграм на Зоолошката градина.
Двете објави предизвикаа бројни реакции кај следбениците на Инстаграм, беа прегледани и лајкувани десетици илјади пати и собраа стотици коментари.