На натпреварот за Мис Јужна Африка за првпат е дозволено учество на трансродови лица, што претставува мала револуција која денес ја поздравија многумина…

Пријавувањето за натпреварот за нова кралица на убавината на оваа земја е отворено од понеделникот, без помпезни објави.

„Трансродовите жени можат да учествуваат на натпреварот за Мис Јужна Африка“, наведе истоимената организација.

Таа додаде дека таквите кандидатки мора да имаат валидни јужноафрикански лични документи во кое се наведува дека родот е заменет во женски род.

Одлуката е поздравена преку социјалните мрежи како „конечна инклузија на сцената“.

Еден ЛГБТ активист изјави дека е нетрпелив да ја види првата трансродова личност да биде крунисана за Мис Јужна Африка и својата земја да ја претставува на натпреварот за Мис Универзум.

Хомосексуалноста е легална во Јужна Африка, иако хомофобијата е силна на друго место на африканскиот континент.