Убаво е да знаеме дека некому му требаме, но проблемите се јавуваат кога тоа ќе стане навика. Ако сте во врска со некој кој постојано бара внимание и уверување дека нема да го оставите, може да биде многу заморно, а тоа ниво на приврзаност станува проблематично. Астролозите наведуваат дека на овие хороскопски знаци им треба најмногу внимание:
Лав
Иако делуваат самоуверено, нивната желба постојано да бидат во центарот на вниманието лесно се претвора во потреба. Лавовите сакаат другите да ги обожаваат, па почнуваат да се грижат ако се чувствуваат запоставено. Ако чувствуваат дека партнерот не им посветува доволно внимание, стануваат несреќни и несигурни. Потоа ќе се „држат“ до него додека не го добијат тоа што го сакаат.
Риба
Рибите се чувствителни и склони кон мечтаење. Тие се и непоправливи романтичари, па секогаш се во потрага по идеалната љубов која ја создале во својата имагинација. Кога ќе се заљубат, сакаат да го поминат секој момент со партнерот, но нивните екстремни барања можат да ги избркаат и најпосветените. Ако успеат да се оддалечат од емоциите и да ги тргнат розовите очила, ќе станат понезависни во животот.
Рак
Раковите се грижливи и топли суштества. Тие се обидуваат да ги задоволат своите емоционални потреби преку романтични врски, но поради тоа имаат репутација дека се претерано зависни од партнерот. Тие често се обземени од негативни емоции, а нивното мрачно расположение и потребата за уверување дека се сакани брзо можат да станат заморни. Тие се подготвени да нагрчат и да плачат додека не добијат доволно внимание.