ГЛЕДАЧИТЕ од земјите кои не учествуваат на Евровизија ќе можат да гласаат за своите фаворити следната година за првпат во историјата на натпреварот, објави во вторник организаторот. Новото правило наречено „Остатокот од светот“ треба да го зголеми влијанието на публиката врз резултатите и да го потврди глобалниот карактер на натпреварот кој минатата година го следеле 160 милиони луѓе.
Евросонг 2023 ќе се одржи во Ливерпул, замениот домаќин на овогодинешниот победник Украина. Организаторите го променија и системот на гласање во полуфиналето, така што за финалистите ќе одлучуваат само гледачите, наместо комбинација од гласовите на гледачите и националното жири.
Сепак, во финалето останува правилото да одлучуваат и гледачите и стручното жири. Организаторите велат дека промените имаат за цел да го заштитат интегритетот на натпреварот по нерегуларното гласање на шест земји на Евровизија 2022 година.