Повеќе од 400 ски-патеки денеска се отворени во Австрија во пресрет на третиот „локдаун“ во земјата во борбата против ковид-19. И покрај облачното време и лошиот квалитет на снегот, околу 100 љубители на скијање уживаа во еден зимски центар на 100 километри од Виена.
Австриската влада на почетокот на овој месец најави дека скијачките центри ќе бидат отворени на 24 декември и го запази ветеното и покрај неодамнешните нови ограничувања во борбата против коронавирусот.
Владата смета дека скијањето, како спорт на отворено, може да биде безбеден ако се преземат сите мерки на претпазливост. Но, хотелите, баровите и рестораните и натаму се затворени додека локалниото население има ограничен пристап до одредени падини за скијање.