Семејството на Пресли Гербер минува низ тежок период и планира церемонија за последно збогување по неговата смрт на 27-годишна возраст. Извор близок до семејството наведува дека тие сè уште немаат донесено конечна одлука за тоа како да му оддадат почит, пренесува *People*.

Планови за комеморација
„Тие сè уште одлучуваат каде сакаат да ја одржат комеморацијата за Пресли“, вели извор близок до семејството, во кое спаѓаат неговата мајка Синди Крафорд, таткото Ренде Гербер и сестрата Каја Гербер. „Тешко е да се носат такви одлуки кога сите се емотивно скршени. Нивниот приоритет е да ја зачуваат приватноста, без присуство на медиуми или фотографи.“

Друг извор додава дека семејството „сè уште размислува што точно да направи во врска со церемонијата“. Според истиот извор, тие сакаат настанот да биде многу интимен, но голем број луѓе кои го сакале Пресли се јавиле со желба да присуствуваат. „Моменталниот план е испраќањето да се одржи некаде во Малибу, бидејќи тој ги сакаше сурфањето и плажата“, забележува изворот.

Семејството во шок
Извор близок до 25-годишната сестра на Пресли, Каја, претходно изјави за People дека семејството е во „целосен шок“ по неговата смрт. „Тагата е неопислива“, рече изворот. „Каја беше среќна што Пресли толку отворено зборуваше за своите животни предизвици. Семејството беше гордо што тој наоѓаше сила во помагањето на другите.“

Еден извор близок до Синди Крафорд нагласи дека таа и Ренди биле постојано присутни во животот на својот син. „Тие во никој случај не биле отсутни холивудски родители. Синди и Ренди неверојатно многу го поддржувале Пресли. Секогаш биле тука за него и правеле сè што можат за да му помогнат. Семејството отсекогаш било исклучително блиско, а Пресли бил длабоко сакан“, тврди изворот.

Борба со зависност и менталното здравје
Пресли Гербер почина во неделата, на 20 септември, во центар за рехабилитација, според Канцеларијата на судскиот лекар во округот Лос Анџелес. Тој имаше 27 години. Аутопсијата е завршена, но причината за смртта сè уште не е официјално потврдена. Портпаролот на семејството ја потврди веста за неговата смрт и побара приватност. „Семејството бара приватност во овој исклучително тежок и болен период“, се наведува во соопштението.

Во последните години, Присли отворено зборуваше за своето ментално здравје и за борбата со зависноста. Тој ги споделуваше своите искуства за да ги охрабри другите отворено да разговараат за теми што често се занемаруваат. Последен пат во јавноста се појави во јуни, кога им се придружи на своите родители на настан посветен на менталното здравје во Малибу. Тогаш, тој учествуваше на панел-дискусија на која зборуваше за својот животен пат и ги охрабри другите да бидат искрени и да не се плашат да ја покажат својата ранливост.

Текстот Семејството на Пресли Гербер планира интимно испраќање во Малибу е превземен од МАКФАКС.