1629.- Роден е холандскиот астроном, математичар и физичар Кристијан Хајгенс, кој во 1655 година ја откри тајната на изгледот на прстенот на Сатурн набљудуван од Земјата и ги објасни промените на тој изглед во текот на хелиоцентричното движење на планетата. Тој го откри сателитот на Сатурн, Титан и точно го одреди траењето на неговата револуција. Хајгенс ги пронајде законите на судирањето на телата, го постави законот за центрифугална сила и го објасни начинот на простирање на светлината. („Хајгенсов принцип“).

1685.- Умре англискиот писател Томас Отвеј, чии стихувани трагедии се одликуваат со поетска драма и силна трагедија. Дела: „Венеција е спасена“, „Сираче“, „Дон Карлос“.

1759.- Умре германскиот композитор Георг Фридрих Хендл, кој заедно со Јохан Себастијан Бах е најистакнат претставник на барокот во музиката. Тој речиси целата кариера ја помина во Лондон како директор на Кралската музичка академија. Негови најпознати дела се оперите „Риналдо“, „Јулиј Цезар“, „Александар“, ораториумите „Месија“, „Самсон“, „Саул“ и други.

1849.- На иницијатива на водачот на Унгарската револуција Лајош Кошут, унгарското Народно собрание во Дебреч ја прогласи независноста на Унгарија од Австрија, со симнување на Хабзбуршката династија, и се изјасни за република.

1865.- Американскиот претседател Абрахам Линколн е смртно ранет во атентат, неколку дена по завршувањето на четиригодишната Американска граѓанска војна со пораз на јужните држави во Конфедерацијата. Врз него во ложа на вашингтонскиот театар „Форд Театар“ пукаше Џон Бут, наводно умно пореметен актер, поддржувач на поразените јужњаци. Линколн следното утро им подлегна на повредите.

1904.- Роден е англискиот глумец Џон Артур Гилгуд, британски толкувач на ликовите во парчињата на Вилијам Шекспир, Оскар Вајлд и Ноел Кауард. Филмови: „Таен агент“, „Премиер“, „Артур“ (Оскар), „Јулиј Цезар“, „Патот околу светот за 80 дена“.

1914.- Умре американскиот филозоф и логичар Чарлс Сандерс Пирс, основач на прагматизмот, правец кој подоцна го разви Вилијамс Џејмс. Тој веруваше дека идеите најдобро можат да бидат испитани со истражување на последиците кои ги предизвикуваат. Неговите влијателни „Собрани списи“ се објавени постхумно.

1917.- Умре полскиот лекар и филолог Лазар Лудвиг Заменхоф, творец на меѓународниот јазик есперанто. Првиот учебник на тој јазик го објави во 1887 година под псевдонимот др Есперанто (тој кој се надева). Есперанто не стана меѓународен јазик во широка употреба како што се надеваше неговиот творец, но е најважен и најраспространет од сите вештачки јазици.

1929.- Роден е алжирскиот државник Шадли Бенџедид, претседател на Алжир од 1979 до 1992 година.

1930.- Рускиот писател Владимир Владимирович Мајаковски, втемелувач на рускиот футуризам изврши самоубиство. Дела: збирка песни и поеми: „Јас!, Владимир Мајаковски“, „Облак во панталони“, „Војната и светот“, „Човек“, „Се што напишал Владимир Мајаковски“, „150.000.000“, „Мајаковски се насмевнува“, „Мајаковски се кара“, „Песни за револуција“, „За тоа“, „Владимир Илич Ленин“, „Добро!“, драмата „Студен туш“.

1931.- Во Шпанија е урната воено-монархистичката диктатура на генералот Прима де Ривере, а кралот Алфонсо Тринаесетти пребега во друга земја. Шпанија беше прогласена за република со претседателот на привремената влада Алкал Замор. Републиката во 1939 година, по тирогидишната граѓанска војна, ја укина генералот Франциско Франко, прогласувајќи ја монархија со регентски совет, а тој стана шеф на државата.

1945.- Американското воено воздухополовство во Втората светска војна во текот на бомбардирањето на Токио ја погоди и палатата на јапонскиот цар.

1986.- Во Париз умре Симон де Бовоар, француска писателка и филозоф. Таа е автор на многу романи, есеи и мемоари, проткаени со духот на егзестенцијализмот. Меѓу нив се истакнуваат романите “Мандарини”, “Другиот пол” и мемоарите “Спомените на добро воспитаната девојка”. Родена е во Париз, на 9 јануари 1908 година.

1991.- Во Гевгелија умре Илија Џаџев, македонски културен деец, професор и писател, најистакнат интерпретатор на хавајски песни. Тој има објавено 19 стихозбирки, а напиша и околу 8.000 афоризми. Роден е во Гевгелија, на 5 октомври 1926 година.

1992.- Во гарнизонот во Охрид, пристигна првиот регрут, припадник на Армијата на Република Македонија.

1995.- Република Македонија и Големата Социјалистичка Либиска Народна Џамахирија воспоставија дипломатски односи.

1997.- Во Скопје умре Видое Подгорец, македонски писател и патописец. Најпознати негови дела се “Развигорче”, “Ајдучка чешма”, “Белото циганче”, “Весела азбука” и “Чисти раце”. Роден е во селото Колешино, Струмичко, на 8 јуни 1934 година.

1999.- Пакистан, три дена по сличен експеримент што го изврши Индија, успешно изврши проба на балистичка ракета со дострел од 2.000 километри, способна да носи нуклеарни проектили.

2000.- Во Скопје умре Јонче Христовски, врвен македонски интерпретатор на македонски народни песни и композитор на новокомпонирани македонски народни песни. Роден е во 1931 година.

2000.- Руската државна Дума по една година одложување го ратификува Договорот Старт-2 за намалување на нуклеарното вооружување.

2003.- Американците во Багдад го уапсија палестинскиот терорист Абу Абас, обвинет за организирање на киднапирирањето на патничкиот брод „Аиле Лауро“ во 1985 година, кога беше убиен еден Американец.

2007.- Најмалку 37 луѓе загинаа, а 50 беа ранети во експлозија на автомобил-бомба на автобуска станица во ирачкиот шиитски град Карбала. Нападот се случи на околу 200 метри од светилиштето Имам Хусеин, каде е погребен внукот на пророкот Мухамед (едно од најважните свети места за шиитите). Карбала се наоѓа 80 километри јужно од Багдад.

2008.- Умре Оли Џонсон, творец на Бамби, еден од најголемите аниматори на сите времиња и последен припрадник на легендарната прва генерација на цртачи во компанијата „Волт Дизни“. Учествуваше во анимацијата и реализацијата на класичниот цртан фил како што се „Снежана и седумте џуџиња“, „Пинокио“, „Пепелашка“, „Заспаната убавица“, „Сто и еден далматинец“, „Алиса во земјата на чудата“, „Книга за џунглата“.