Џим никогаш не престанал да верува во себе и да се труди, а награден е и со светска слава и титула за еден од најдобрите светски комичари.

Џим Кери е еден од најплатените комичари, но патот до Холивуд не му бил ниту малку лесен, а ова се само неколку нешта од неговиот живот кои можеби не сте ги знаеле:

1. Славниот актер имал многу тешко детство, живеел на работ на егзистенцијата, па заедно со семејството одредено време бил принуден да живее во напуштена приколка.

Фото: Профимедиа

2. Целото семејство напорно работело на чистење на фабрики и фабрички машини за да преживее.

3. Џим како дете бил многу срамежлив и несигурен во себе, па сето тоа го заменил со правење на смешни гримаси, кои подоцна го прославија.

4. Пред да успее во Холивуд, настапувал во повеќе клубови како комичар со што му помагал на своето семејство да ја поправи финансиската ситуација.

5. На 16 години бил исфрлен од училиште, а на 18 тргнал во Холивуд.

6. На почетокот на 80-тите години го снимил својот прв целовечерен филм „Запознајте го Џенет“ каде што ја толкува улогата на неуспешниот комичар Тони Морони.

7. 80-те не биле успешни години за Џим, па тој паднал во тешка депресија, но не се откажал, па во текот на 90-те се случил и раст на неговата кариера, прво со филмот „Ace Ventura“, а подоцна и останатите големи филмски улоги кои се ределе една по друга.

8. Поранешната девојка на актерот Џим Кери изврши самоубиство во септември 2015 година. Таа се предозирала со различни таблети и така себеси си го одзела животот, а нејзините родители го обвинувале актерот дека тој е всушност виновникот за тоа. Тие исто така тврделе и дека тој на нивната ќерка и пренел неколку полови болести, по што целиот случај заврши на суд. Џим ги демантирал тврдењата, а судот докажал дека тој е во прво, откако се испоставило дека доказот кој е изнесен против него е фалсификуван.

Фото: Профимедиа