На територијата на Република Северна Македонија, во текот на изминатото деноноќие (27/28 декември), по однос на мерката за носење лична заштита на лице се регистрирани 549 прекршоци, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Воедно од МВР апелират до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид 19.