На годинешното доделување на музичките награди Билборд, поп-пејачката ќе ја добие наградата „Музичка икона“, која им се доделува на музичари што постигнале забележителен успех на Билбордовите топ-листи и имале посебно влијание врз музиката.
Пинк, која исто така ќе настапи на овој настан, со ова ќе им се придружи на претходните добитници на истата награда: Герт Брукс, Шер, Нил Дајмонд, Селин Дион, Џенифер Лопез, Принс, Стиви Вондер, Џенет Џексон и Мараја Кери.
„Како малечка сонував дека сум пејачка и ја споделувам својата љубов кон музиката со цел свет. Години подоцна да се добие наградата Музичка икона е исполнување на соништата. Почестена сум што ќе им се придружам на музички идоли како Шер, Гарт Брукс, Џенет Џексон и Стиви Вондер. Се чувствувам благословено и возбудено“, пејачката напиша во изјавата.
Пинк последен пат настапи на музичките награди Билборд во 2016 година, а оттогаш на сингл топ-листите беше 15 пати меѓу првите 10, четири пати број еден и осум пати нејзините албуми беа во првите 10. Настанот е закажан за 23 мај, во театарот „Мајкрософт“ во Лос Анџелес.