Мутираниот сој на короната е 70 отсто поопасен и позаразен, многу повеќе ги напаѓа децата од досегашната корона, на која најмладите беа и најимуни, се покажало во Велика Британија, каде мутацијата и настанала и каде новиот сој, молскавично се шири.
Академик Нил Фергусон, член на НЕРВВТАГ, советодавна група на британската влада, истакнал дека постои навестување дека децата се поподложни на мутираниот вирус.
Бројот на случаи со новата варијанта на вирусот кај помлади од 15 години, е значително поголем. Уште нема доволно докази за теоријата дека децата се поподложни на вирусот, ама тоа е променентна хипотеза, рекол Фергусон, пренесува Дејли Мејл
Можно е, навел тој, бранот на новата варијанта на короната, до која дојде со ноемвриското заклучување, кога училиштата работеа, се случи токму затоа што новиот вид е поефикасен во заразување на децата од претходниот тип на вирусот.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.