Вечерва во преостанатиот натпревар од 18-то коло во англиската Премиер лига, Тотенхем го совлада тимот на Астон Вила на гости со 2:0.

Спарс влегоа на овој натпревар по катастрофата во Загреб и поразот од Динамо со 3:0, и едноставно им требаше победа за какви било надежи за Лигата на шампионите во продолжението од сезоната.

И тие дојдоа до триумф, па Жозе Мурињо сепак дише малку полесно, но до крајот ќе мора да бидат совршени ако сакаат да го завршат шампионатот меѓу најдобрите четири екипи.

Водството за Тотенхем го донесе Карлос Винисиус во 29-та минута. Тоа беше одлична акција на Кејн и Лукас, а Винисиус несебичната асистенција ја претвори во гол за предност од 0:1 .

Овој резултат остана на семафорот до 68. минута од натпреварот кога Кејн ја зголеми предноста. Напаѓачот на Спарс се избори за пенал, а потоа го претвори во гол за конечни 0:2 .

Тотенхем во моментов е шести со 48 бодови и има три бода помалку од Челзи кој моментално се наоѓа на четвртото место. Вила е 10-та со 41 поен.