Јапонскиот селектор Хаџиме Моријасу ќе го продолжи договорот со националниот сојуз на земјата до 2024 година, јавуваат јапонските медиуми. Челниците на Фудбалскиот сојуз на Јапонија се задоволни од настапите на репрезентацијата на Светското првенство во Катар, иако азиската селекција во осминафиналето беше елиминирана од Хрватска.

Advertisements

Во групата Е Јапонија ги победи Германија и Шпанија со по 2-1, а загуби од Костарика со 1-0. Јапонците го освоија првото место во групата Е, а само по изведување пенали беа поразени од Хрватска со вкупен резултат 4-2, откако натпреварот во регуларниот дел заврши 1-1.

54-годишниот Моријасу ја презеде селекцијата на Јапонија во 2018 година, а беше вицешампион на Азија во 2019 година.

Ќе добие нов договор на две години, со можност за продолжување на уште две, односно до Светското првенство во 2026 година.

Прикажи повеќе