Покрај препораките на СОНК за двонеделна онлајн настава на второто полугодие, МОН соопшти дека одлуката останува како и претходно, а тоа е дека второто полугодие почнува на 1-ви февруари и тоа со физичко присуство за учениците од основното и средното образование.

– Сите одлуки околу начинот на организација на наставата во услови на пандемија секогаш се носат врз основа на насоките и препораките кои МОН и Владата ги добиваат од Комисијата за заразни болести како тело задолжено за координација на сите мерки и активности за спречување на ширењето на заразата предизвикана од ковид-19, земајќи ги притоа предвид и препораките на УНИЦЕФ. Согласно вчерашната одлука, наставата во второто полугодие почнува на 1 февруари со физичко присуство во училиштата и со почитување на важечките здравствени протоколи донесени уште пред почетокот на учебната година, стои во одговорот од Министерството за образование.