Јапонската копанија „NEC“, која создава системи за препознавање на лица, ласнираше систем за кој тврдат дека може да ги идентификува и луѓето кои носат заштитни маски.
Оваа најнова технологија, сепак, може да предизвика загриженост кај глобалното население и нивната приватност.
Министерството за внатрешна безбедност на Велика Британија ќе го користи новиот систем „NeoFace“ на јапонската компанија „NEC“ затоа што како што велат, поради коронавирусот, досегашната технологија за препознавање на лице нема да фунцкионира затоа што поголемиот дел од луѓето носат заштитни маски.
Меѓу другите клиенти се и „Lufthansa“ и „Swiss International Airlines“, пишува „Би-Би-Си“.
Иако оваа технологија може да ги загрижува луѓето, сепак како што велат од компанијата проектот бил спроведен со цел да се заштити јавната безбедност.
Потенцијално може да се користи на аеродромите, каде што ќе ги скенира патниците без потреба да се отстранат заштитните маски.
Шиња Такашима, помошник менаџер на одделот за дигитални платформи на „NEC“, за „Ројтерс“ изјави дека технологијата може да им помогне на луѓето.
Пред пандемијата на коронавирусот, алгоритмите за препознавање не успеваа да идентификуваат 20-50% од луѓето кои носат заштитни маски, стои во извештајот на Националниот институт за стандарди и технологија на Велика Британија.
Овој напреден софтвер сепак предизвика контроверзии. Имаше прашања во врска со тоа колку системите ќе препознаваат потемни нијанси на кожа, воедно и етичките проблеми во врска со нарушувањето на приватноста на населението.