Бројот на нови случаи на коронавирус во Холандија вртоглаво се зголемува, со 5.500 нови случаи пријавени само денеска, додека бројот на хоспитализирани лица со Ковид-19 не расте.

Според Националниот институт за здравство, ова е најголемиот дневен број од 14 мај.

Пред една недела имаше 800 новозаразени за 24 часа, а во последните седум дена, во просек по 67 нови случаи на 100.000 жители.

Поради ширењето на пандемијата, Владата размислува да воведе нови мерки за борба против коронавирусот.

Холандија на 26 јуни ги укина скоро сите ограничувања и маски во моментов треба да се носат само во јавниот превоз.

На многу места, физичкото растојание од 1,5 метри повеќе не мора да се одржува.

Зголемувањето на новозаразени се должи на делта мутацијата, иако во исто време нема зголемување на хоспитализации.

Младите се најпогодени и се верува дека се заразиле со вирусот во барови и ноќни клубови.