Инфлуенсерка Јоси Марија, која се прослави со нејзината борба против анорексијата починала на 24-годишна возраст. Јоси со години се борела со анорексија, а починала во сон, додека се одморале со нејзината пријателка, само неколку дена откако ѝ признала дека се плаши од смртта, пренесува „The Sun“. Причина за смртта на младата инфлуенсерка била срцева слабост.
Младата Германка станала популарна на социјалната мрежа Инстаграм откако започнала јавно да зборува за проблемите предизвикани од анорексијата – нарушување во исхраната и колку тоа ѝ го уништило здравјето, но очигледно нејзиниот организам веќе било многу истоштен и не можел да издржи. Има 135.000 следбеници.
– Не сакам да бидам една од оние кои умираат од анорексија. Анорексијата не се однесува само на физичкот изглед, таа е во главата. Не се работи секогаш само за тоа дека сакате да бидете слаби, тука има многу повеќе: изведба, потврда, самоконтрола, е само една од објавите која Јоси ја има споделено како мотивација за нејзините следбеници на нејзиниот Инстаграм профил, особено за оние кои се соочувале со истиот проблем. – Испи само две кафиња и тоа едвај. Покрај тоа, таа ми рече дека два дена пред тоа не можела ништо да јаде, изјавила нејзината пријателката Вања Росова за германски DE24 News.
Кога пристигнале на Канарските острови, двете отишле да се одморат, но кога Вања се разбудила, сфатила дека Јоси не дише и дека починала. Нејзината пријателка Вања зборувала дека Јоси се чувствувала уморно уште во текот на летото. Јоси имала голема поддршка од интернет-заедницата затоа што отворено зборувала за сите неуспешни обиди да се избори со анорексија, но и дека не се откажува, а на тој начин ги мотивирала другите кои се борат со нарушувања во исхраната. „Не се сликам затоа што сум горда на мојот изглед. И не поставувам слики зашто сакам и другите да изгледаат како мене. Причина за оваа објава е бидејќи сум на патување на кое би сакала и други да ми се придружат. Сакам со вас да ги споделам своите размислувања и упорно да се борам со анорексијата“, пишувала Јоси на Инстаграм. Често ги потсетувала луѓето да не ја осудуваат ни неа ни другите кои се борат со анорексија бидејќи е лесно да се заборави дека тоа е сепак болест. Пореметувањата во исхраната погодуваат околу 9 проценти од вкупната светска популација и се сметаат за едни од најопасните ментални заболувања кои одземаат најмногу животи веднаш по зависностите од опијати. Типично пореметувањето почнува во пубертер или во средната адолесценција, а болеста се јавува и кај момчињата во 5 до 10% од вкупниот број заболени.