Албанија и Северна Македонија нема да добијат датум за отворање на преговорите за членство со Европската унија до крајот на јуни.
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел се врати во Тирана, не со датум за првата меѓувладина конференција, туку со предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон. Северна Македонија, Албанија и земјите од Западен Балкан да добијат статус на асоцијативна земја во Европската Унија.
„Направивте се што е можно за да ги надминете предизвиците. Од друга страна, важно е да не се чека конечната одлука. Една идеја е асоцијативните членки, т.е. грубо,приближен пристап за потребните формати што ќе ги имаме, за да се запознаеме подобро еден со друг, да ги разбереме потешкотиите и да се грижиме еден со друг. Да сме конкретни и оперативни“, вели Шарл Мишел.
„Идејата за асоцијативна членка на Европската унија, односно нова европска политичка заедница, што во однос на нашите земји значи „учество на европските тркалезни маси, во однос во процесите на подготовка на одлуки поврзани со безбедност, што се поврзува со справување со кризи кои нè засегаат заедно. И ако дојде денот да бидеме асоцијативни членки на Европската унија, тоа става крај на сите шпекулации, става крај на сите теории на заговор, става крај на целата параноја , дека ЕУ не држи далеку и дека не сака да не внесе таму. Така што мислам дека тоа е фантастична работа“, посочи Еди Рама.
Двете земји ќе одат во пакет, откако Бугарија ќе се откаже од ветото.
„Јас сум посветен пријател за решавање на тешкотиите со кои се соочивме. За неколку недели ќе имаме финален состанок на француското претседателство за да се реши оваа ситуација“, вели Шарл Мишел.