Screenshot

Бугарија прифати 14 настрадани во несреќата во Република Северна Македонија. Според информациите од трите медицински установи, пациентите хоспитализирани и се во тешка состојба со изгореници и повреди заради вдишувањето на жешките гасови.
Осуммина пациенти се сместени во УМБАЛСМ „Н.И.Пирогов“. Тројца од нив се малолетни на возраст од 15 и 16 години. Останатите пет се на возраст од 19 до 31 година. Петмина пациенти се интубирани.

Во Медицинскиот центар-Варна при ВМА-ВМА се хоспитализирани тројца пациенти на возраст од 17, 20 и 25 години. Двајца од нив се на механичка вентилација.
УМБАЛ Свети Георги – Пловдив исто така прими троjца од настраданите во градот. Кочани. Тие се на возраст од 19, 21 и 49 години, со изгореници од втор и трет степен и со повреди од вдишувањето на жешките гасови.

Ажурни информации за состојбата на настраданите ќе им бидат доставени на роднините на лице место во медицинските установи.
📌 За УМБАЗМ „Н. И. Пирогов“ е 08:00 и 13:30 часот пред Одделот за интензивна нега на Клиниката за изгореници (кат 2).
📌 За УМБАЛ Варна информациите ќе бидат давани во 9:00 и 12:00 часот.
📌 Од УМБАЛ „Св. Георги“ – Пловдив во интервалот од 8:30 до 09:00 часот ќе ги информира блиските на пациентите за нивната состојба и во интервалот од 17:00 до 17:30 часот.
☎️ Потсетуваме дека за удобност на роднините на настраданите во трагичната несреќа, Министерството за здравство обезбеди 24-часовна телефонска линија. На која се даваат само информации за здравствената установа во која се сместени пациентите кои се транспортираат во Бугарија. Телефонскиот број е 02/ 8050 300, стои во соопштението на Министерството за здравство на Бугарија.