Еден од најпопуларните српски актери, Милош Биковиќ (32) реагираше по објавите во медиумите дека е позитивен на коронавирусот.
Актерот за „Telegraf.rs“ потврдил дека бил позитивен на коронавирус и дека за среќа поминал со полесни симптоми. Тој воедно истакнал дека сега се чувствува добро.
Како што истакна Биковиќ, го прележал коронавирусот пред пет дена и дека на последното тестирање се покажало дека сега е негативен.
„Го прележав коронавирусот и веќе не сум позитивен. Имав благи симптоми“, изјави Биковиќ.